Млад виничанец загина во сообраќајка во Кочани

Од:

Дваесет и четиригодишниот Д.С. од Виница синоќа околу 23 часот загина во сообраќајна несреќа што се случи на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, соопшти МВР.

Сообраќајна незгода се случила помеѓу патничкото возило „Фолксваген Голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.С. (24) од Виница и патничкото возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(32) од Кочани.

Веднаш по незгодата возачите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствен дом Кочани, каде кај Д.С. е констатирана смрт, а кај А.П. телесни повреди.

Со овластување на јавен обвинител увид на местото на сообраќајката извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски