Во рамките на ракометниот плеј-оф денеска ќе се одиграат два натпревара. Првакот Вардар поради настапот на завршниот турнир од СЕХА лигата денеска е домаќин на битолски Пелистер. Ова за Вардар ќе биде втор натпревар во два дена против екипи од Битола откако вчера го победи Работник Еурофарм со 24:19.
Ова е дуел од 3.коло, а почетокот е во 15 часот и се игра вo СЦ „Јане Сандански“.
Вечерва од 19 часот во салата „Гемиџии“ во Велес се игра и дуелот од 4.коло меѓу последно пласираниот на табелата Борец и лидерот Металург.
Во рамките на четвртата рунда Вардар утре гостува кај Охрид, додека во третиот дуел ќе играат Работник Еурофарм и Пелистер.
Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Охрид 6 (3), Вардар 3 (2), Пелистер 3 (2), Еурофарм Работник 3 (3) и Борец 0 (3).