Повеќе од 25.000 лица во Сомалија се погодени од колера, односно акутна водена дијареја, а се очекува бројот на заболени двојно да се зголеми во следните месеци „до почетокот на летото“, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
-Стапката на смртност предизвикана од болести заради загадена вода или храна во Сомалија веќе изнесува 2,1 отсто, додека смртноста предизвикана од колера достигнува стапка од 14, 1 отсто во Средна Џуба и 5,1 отсто во Баколу, изјави портпаролот на ОН, Јенс Лерк, на средба сао новинарите.
Од почетокот на годината во земјата се пријавени околу 533 смртни случаи, поврзани со избувнување на епидемијата од колера.