Тилерсон: Маневрите на воените бродови на САД близу Корејскиот Полуостров немаат конкретна воена цел

Од:

Маневрите на воените бродови на САД во регионот на Корејскиот Полуостров беа планирани и немаат конкретна воена цел, изјави државниот секретар Рекс Тилерсон по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва, како одговор на прашањето дали Вашингтон подготвува воена операција против Северна Кореја.

– Јуришната група на поморските сили и носачот на бродови „Карл Винсон“, се наоѓаат во регионот на Тихи Океан. Движењето кон Корејскиот полуостров беше планирано од нашите војници. Таа нема некоја конкретна цел таму, нагласи Тилерсон.

– Не сметам дека треба да се бара некакво одредено значење за лоцирањето на оваа група, забележа тој.

Претходно, беше соопштено дека кон брегот на Корејскиот Полуостров е насочен носачот на бродови „Карл Винсон“, придружен со ракетен крстосувач и два ракетни миноносачи.

Јапонските медиуми јавија декауште два воени брода на САД се испратени од базата во Сан Диего, со цел да ја придружуваат јуришната група.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија