Пубертет: Девојчињата сакаат друштво на момчиња

Од:

Родителите не треба да креваат паника ако нивното девојче во пубертет повеќе сака да се дружи со момчиња. Често тоа е само период кој поминува и нема да стане „момче“ ниту пак момчињата ќе го расипат.

Кога девојчињата во пубертет повеќе сакаат даt се дружат со момчиња, многу родители се загрижени, но според експертите тоа не треба да биде причина за паника. Погрешно е од тоа да се прави фама.

– Често тоа е само период кој поминува со растењето, па не би требало да мислите дека вашите ќерки се „момчиња“ или дека момчињата ќе ги расипат, рече психологот Брајан Флипс.

– Девојчињата на таа возраст бараат, експериментираат, можеби едно лето повеќе ќе им одговара дружење со момчиња, откривање на нивниот свет, но тоа најверојатно ќе им помине, додава Флипс.

Не треба да им забранувате со цел да не почнат да се бунтуваат и од револт целосно го исфрлат женското друштво. Тогаш можат навистина да станат машкуданести и груби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска