А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Анкета: 84 отсто од населението во Македонија религиозно, а 88 отсто веруваат во Господ

by А1он12/04/2017 - 11:2612/04/2017 - 11:26313
Share0

Во Македонија 84 отсто од населението е религиозно, 10 отсто нерелигиозно, а 1 отсто се изјаснуваат како атеисти. Дури 88 отсто од Македонците се изјаснуваат дека веруваат во Господ, 6 отсто не веруваат и исто толку не знаат дали веруваат или се без одговор на прашањето на анкетата што ја спроведе Брима Галуп врз репрезентативен примерок од 1.210 испитаници на возраст над 15 години во нивните домови.

Добивај вести на вибер

Во анкетата што воедно е спрведена во 68 земји во светот од Вин Галуп Интернационал во рамки на 40-тото годишно истражување, од соседните држави, како најрелигиозни се изјасниле испитаниците од Косово (94%) потоа следи Србија (75%), Грција (73%), Албанија (56%) и Бугарија 51%. Од соседните држави, 100% од испитаниците од Косово се изјасниле декам веруваат во Господ, 80% во Албанија, 79% во Србија, 75% во Грција и 58% од испитаниците во Бугарија изјавиле дека веруваат.

На глобално ниво се интервјуирани вкупно 66.541 лица од нив 62% се изјасниле како верници, 74% веруваат дека човекот има душа и 71% веруваат во Господ, 56% во Рај, 54% во Живот после смртта, а 49% веруваат дека постои Пекол.

Генерално, кај луѓето со поголем степен на образование и поголеми примањата, степенот на религиозност опаѓа. Од друга страна, изјаснувањето за различни религиски верувања е најзастапено кај младите луѓе.

Истражувањето покажува дека најрелигиозни земји се Тајланд (98%) и Нигерија (97%), веднаш потоа се Косово, Индија, Гана, Папуа Нова Гвинеа и Брегот на Слоновата Коска (во сите земји 94% од граѓаните се изјасуваат како религиозни). Од друга страна, пак, Кина е најмалку религиозна земја каде секој седми од десетмина испитаници се изјаснил како атеист, а 23% се сметаат себеси за нерелигиозни.

Анкетата била спорведена од 25 ноември до 2 декември 2016 година.

religija

Би можело да ве интересира

Трибина на тема „Младите и религијата“

Ана Ололовска13/05/2019 - 08:41

Истражување: Над половина од граѓаните се сметаат за религиозни

Ана Ололовска30/12/2016 - 11:19

Божиновска: Македонија не смее да биде заложник на каков било верски радикализам

Емир Латифовиќ10/07/2014 - 15:40

Македонија е 5-та најрелигиозна држава во светот

Емир Латифовиќ24/05/2013 - 20:4912/01/2017 - 09:10

Стејт департмент: Правото на слобода на вероисповед во Македонија генерално се почитува

Ана Ололовска21/05/2013 - 09:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен