Утврдена програмата за превентивна дератизација на општина Битола

Од:

Општина Битола во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола ја утврди програмата за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем, јавната депонија „Мегленци“, дивите депонии и ѓубришта на територијата на општина Битола во 2017 година.

Од општина Битола информираат дека програмата ќе се реализира согласно обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за јавно здравје според кои се утврдува потребата од спроведување на систематска превентивна дератизација на канализацискиот систем, јавната депонија „Мегленци“ и дивите депонии и ѓубришта во градот како критични точки кои можат да ја нарушат хигиено-епидемиолошката состојба.

-Превентивната систематска дератизација се врши со цел да се заштитат населението и животните од болести чии вектори се глодарите и отстранување на ризикот од појава и ширење на болести кои ги пренесуваат глодарите, одржување на стабилна хигиено-епидемиолошката состојба во општината, создавање на пријатна и еколошки здрава животна средина, отстранување на лоша хигиенска слика за градот и општината која би предизвикала незадоволство кај граѓаните, и отстранување на економските штети кои настануваат како последица на зголемена инфестација со глодари, се посочува во информацијата од локалната самоуправа.

Со спроведувањето на дератизацијата ќе бидат опфатени 7.600 шахти на различни локации во градот и околината. Првата фаза ќе почне на крајот од овој или почетокот на идниот месец, додека, пак, есенската дератизација ќе се изврши во октомври.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани