ВМРО-ДПМНЕ: Нови избори се единствено решение за кризата

Од:

„Единствено решение за излез од политичката криза во која СДС ја втурна Република Македонија се нови предвремени парламентарни избори.

Уште еднаш бевме сведоци како албанскиот премиер Еди Рама на албанска телевизија не навредува и Република Македонија ја прогласува за бинационална држава. Тој ги заборава и Србите и Турците и Ромите, Власите, Хрватите, Бошњаците и сите останати етнички групи кои го красат нашето мултиетничко општество. Според него населението што живее во Македонија е составено од Албанци и Македонци.

Тоа е истиот Еди Рама кој не нарекува славомакедонци и кој ги собра лидерите на албанските партии од Република Македонија и ги обедини околу Тиранската Платформа.

Злосторничкото здружение СДС и криминалецот Зоран Заев не само што молчат околу овие изјави, туку предавнички ја прифатија Тиранската Платформа и сите уцени кои им беа наметнати само за да дојдат на власт и да се спасат од затвор.

Предавниците не само што молчат, туку се обидуваат да спречат секаква дискусија околу штетните последици на Тиранската Платформа. Ваквиот кукавички чин е најдобар доказ за хистеријата што ги има фатено уценетите криминалци бидејќи не може да се испорачаат сите ветувања кои задираат во највисоките државни и национални интереси.

Нема бегање од правдата. Народот се спротивстави на СДС и му докажа дека нема намера да се согласи со продажбата на националните интереси.

Народот јасно му порача на СДС дека не гласал за туѓи платформи и нема да дозволи да си играат со државата.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски