НЛБ Банка: Средствата на клиентите се безбедни

Од:

Управниот одбор на НЛБ Банка во врска со грабежот денеска информира дека средствата на нивните клиенти се безбедни и оти ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности.

– Согласно информациите, кои се проширија во јавноста за истрагата за инцидент настанат во НЛБ Банка АД Скопје, она што е најважно е да ве информирам и ве уверам дека сите наши клиенти и колегите вработени на нашата банка се сигурни. Сите средства на нашите клиенти се апсолутно безбедни и клиентите не треба воопшто да се загрижени. Банката ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Од Банката информираат дека соработуваат со надлежните власти и се надеваат на брз и позитивен исход од истрагата.

– Како не би го попречувале напредокот на истрагата, во овој момент не би можеле да коментираме повеќе за настаните се до крајот на истата, сепак сите понатамошни информации треба да дојдат од надлежните истражни органи, вели Аргир во неговата писмена изјава.

Настанот, според Аргир, нема влијание на секојдневното тековно работење на банката.

Би можело да ве интересира

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса