Ирак: ИД ги загуби повеќето окупирани територии

Од:

Ирачката Армија излезе со соопштение дека терористичката група Исламска држава загубила над три четвртини од територијата окупирана од летото 2014 година досега, пренесе БТА.

Бригадниот генерал Јахја Расул, инаку портпарол на војската, рече дека терористите моментно контролираат помалку од 30.000 квадратни километри ирачка територија, што е 6,8 отсто од вкупната територија. Во својот подем, ИД имаше окупирано над 40 проценти од земјата.

Според него, владините сили веќе контролираат над 50 отсто од Западен Мосул.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак