Во Битола тркалезна маса „Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци“

Од:

Дирекцијата за заштита на личните податоци, експерти за заштита на личните податоци од Македонија и Словенија, денеска во Битола одржаа тркалезна маса на тема „Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации во Република Македонија“.

Според Љубица Пендаровска, експерт за заштита на лични податоци и медиуми и истражувач, резултатите од извршеното истражување покажале дека постои нагорен тренд во однос на зголемување на свеста кај медиумските работници, но не е на очекуваното ниво.

– Медиумските работници, посебно фоторепортерите, камерманите, одговорните уредници секојдневно доаѓаат во контакти со голема количина лични податоци, а дел од нив имаат чувствителен карактер. Но, охрабрува податокот дека медиумските работници покажуваат голема подготвеност да се вклучат во обуки за обезбедување баланс на информациите, а во функција на тоа знаење ќе биде изработен и прирачник кој ја вклучува праксата на Европскит суд за човекови права, посочи Пендаровска.

Тркалезни маси за проектната тема освен во Битола ќе се одржат и во Скопје и Штип од каде се очекува да произлезат иницијативи и за подобрување на националните легислативи врзани со медиумите и медиумските работници, истакнаа експерите на информативниот настан во Битола.

– Медиумите, новинарите, треба да се свесни за рамнотежата меѓу јавниот интерес и заштитата на личните податоци. На сите нам ни е позната изреката „не прави никому нешто што не сакаш да ти направат тебе“ и затоа најдобар начин за постигнување рамнотежа и практикување на принципот на пропорционалност. Тоа што сакам посебно да го издвојам тоа е констатацијата дека секогаш треба да се знае што е јавен интерес и да се внимава на тенката „црвена„ линија која не смее да се премине за да не се случи тоа што е од јавен интерес да се претвори во нешто што е интересно за јавноста, рече меѓу другото поранешната словенечка новинарка Наташа Пирц Мусар на тркалезната маса во Битола.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ