Грција ќе добие 49 милијарди евра помош до март

Од:

Министрите за финансии од еврозоната дадоа одобрение да бидат одделени 49,1 милијарди евра финансиска помош за Атина.

Првата транша од 34,3 милијарди евра ќе биде префрлена во наредните денови, а останатиот дел во првото тримесечје на 2013 година, истакнуваат министрите во заедничка декларација.

Минатата седмица Еврогрупата првично се договори за вкупна сума од само 43,7 милијарди евра. Дополнителните 5,4 милијарди евра беа одобрени денеска, за да се помогне за финансирањето на програмата за откупување грчки обврзници, изјави германскиот министер за надворешни работи Волфганг Шојбле.

Претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер изјави дека не е сигурно дали нема да бидат неопходни дополнителни мерки, за да се постигне целта да биде намален долгот на Грција до 124 процети од БДП до 2020 година, но дека монетарната унија е подготвена да преземе нови чекори, доколку е неопходно.

– Денешната одлука на Еврогрупата бележи крај на многу долги месеци несигурност на Грција, истакна еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Во Вашингтон извршниот директор на ММФ Кристин Лагард препорача денеска да биде одделена помошта за Грција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски