Косата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху последниве неколку месеци, намерно или ненамерно, многукратно ја промени бојата, а будното око на социјалните мрежи сето тоа го следеше.
Темносивата е демоде, белата очигледно не му одговара, додека пак, зеленикавата и виолетовата е испробана еднаш или двапати. Сега премиерот пробува нешто сосема ново, пишува порталот „Уајнет“.
Во неделата, на средбата со министрите од својата Влада, на којашто Нетанјаху патем и задоцни поради својата одолжена средба со шминкерот, тој се појави со најтемната нијанса на коса досега.
Експертите во оваа област коментираат дека тоа е поради постојаните промени на фризурата, или пак, дека секој „уметник“ ангажиран за изгледот на премиерот, има своја нијанса, па едноставно не може да го повтори она што неговиот претходник го сработил.