Б.С. (40), вработен во НЛБ банка, вчера од трезорот на банката во Скопје украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.
Случајот вчера околу 17 часот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката, според кого Б.С. ги пикнал парите во ќесе и избегал во непознат правец. Увидот е завршен.
Информациите денеска ги потврдија од МВР од каде најавија повеќе информации во текот на денот.