Во Скопје вчера 16 сообраќајки, потешко повредени пешак и мотоциклист

Од:

Вкупно 16 сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, од кои во пет со повреди се здобиле пет лица, при што пешак и возач на мотоцикл се потешко повредени, а во 11 е причинета материјална штета.

Полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци и тоа кај 36 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 25 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и шест возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 55 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози