АИ: Кина минатата година егзекутирала повеќе лица осудени на смрт, отколку сите земји заедно

Од:

Кина во текот на минатата година егзекутирала повеќе лица осудени на смртна казна, отколку сите останати земји заедно, тврди организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнал“.

Во годишниот извештај за смртна пресуда, што беше објавен синоќа, огранизацијата за заштита на човекови права наведува дека минатата година во светот се извршени најмалку 1.032 егзекуции, што е за 37 проценти помалку во споредба со 2015 година.

Во таа статистика не се земени предвид егзекуциите во Кина, каде се чува во тајност официјалниот број на убиени лица.

Падот на бројот на егзекуциите се должи на драстичното намалување на смртни казни во Иран (за 42 проценти) и во Пакистан (за 73 проценти).

Во САД во 2016 година се извршени само 20 егзекуции, што претставува најмал број во историјата на земјата.

Кина е на првото место со извршени егзекуции (неколку илјади), потоа следуваат Иран (над 567), Саудиска Арабија (над 154), Ирак (над 88), Пакистан (87) и Египет (44).

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени