Изложба „Будење“ на децата со аутизам

Од:

Во Чифте амам денеска ќе биде отворена изложбата „Будење“ преку која Националната галерија на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам.

По изложбите „Сите бои на љубовта“ и „Наречи ме љубов“, ова е трета изложба посветена на децата со аутизам.

– На ликовните работилници организирани во соработка со здружението „Во мојот свет“, ПОУ ,„Иднина“, Македонското научно здружение за аутизам и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби дечињата изработија уникатни ликовни творби и го покажаа нивниот огромен творечки талент. Овие творби се одраз на нивната душа, тие не учат за љубовта. Различни, а сепак толку исти, во несовршеноста е убавината, велат од Националната галерија.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски