ВМРО-ДПМНЕ: Урбанистичките планови на општина Аеродром се донесени легално

Од:

„СДС е во паника бидејќи не може да ги сокрие криминалите на Заев и не може да ги реализира ветувањата што злосторничкото здружение од раководството на партијата ги дало со прифаќањето на Тиранската платформа.

Затоа СДС се обидува со континуирано пласирање лажни вести да ја манипулира јавноста. Деталните урбанистички планови во општина Аеродром се донесени легално и тие се во функција на развојот на општината како една од најубавите места за живеење во Скопје но и во цела Македонија.

Во општина Аеродром има изградено повеќе нови паркови со над 50.000 нови садници кои се дел од урбаното живеење.

СДС не може да се помири со фактот дека другите општини не го следат криминалното работење на Општина Струмица и начинот на кој што криминалецот Зоран Заев ги дели сите тендери само на неговите семејни фирми или на фирмите на партиските послушници. Струмица гас, Цареви кули, Глобал и илјадници други случаи се најдобар показател за криминалниот начин на кој СДС ги краде буџетските средства.

Ги повикуваме советниците од СДС да не манипулира со граѓаните на општината и да почнат со работа во корист на жителите на Аеродром“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“