Најмалку шестмина загинати во судири во палестински камп во Либан

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а 35 други се повредени во судири во палестинскиот бегалски камп Еин ел- Хилвех во јужен Либан, соопштија медицински извори.

Судирите започнале во петокот, откако заедничкиот штаб на разните палестински фракции во кампот, што се наоѓа во близината на градот Сидон, бил нападнат од радикални исламисти, од кои претходно било побарано да го предадат оружјето.

Либанските медиуми јавуваат дека од кампот во Сидон се уште слушаат истрели и експлозии.

Според палестински извори, непријателставата избувнале откако движењето Ал Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, го одбила договорот предложен од медијатори, со кој би му се овозможило на лидерот на исламистите Билал Бадр да се сокрие во кампот, ако се согласи на создавање заеднички сили.

Кампот, кој прерасна во виситнски град, е формиран уште во 1948 година по создавањето на државата Израел. Тој е најголем од вкупно 12-те палестински кампови на либанска територија.

Според ОН, во кампот живеат над 55.000 жители, но либански извори сметаат дека во него има околу 120.000 лица.

Минатата недела најголемите палестински организации се договорија за создавање заеднички штаб, што би требало да ја гарантира безбедноста на кампот.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот