Германија и Франција планираат да обезбедат опрема и обука за пет африкански земји

Од:

Германија и Франција планираат да обезбедат опрема и обука за пет африкански држави со цел борба против тероризам.

Тоа го изјавија денеска германскиот и францускиот министер за одбрана, Урсула фон дер Лајен и Жан-Ив ле Дријан.

Мавританија, Мали, Буркина Фасо, Нигер и Чад ќе бидат во фокусот на иницијативата, јави ДПА.

– Целта е тие држави да бидат доволно силни во иднина за да може подобро да ја гарантираат безбедноста, изјави германскиот министер за одбрана.

Францускиот минстер, пак, додаде дека со тоа би се бранела и европската безбедност. Петте држави формираа организација Сахел Г5 со цел заедничка борба со тероризам и соработка во областа на безбедноста.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија