Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) побара од земјите членки на ЕУ да не ги испраќаат азилантите назад во Унгарија, се додека таа држава не го усогласи својот нов закон за обврзен притвор на мигранти со законите на Унијата и меѓународното право.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги оцени масовните миграции како закана за европската социо-економска структура и „Тројански коњ на тероризмот“, а Унгарија од 2015 година била клучна точка во текот на мигрантската криза во Европа.
– Откако го усвои законот за мигранти на 28 март, новите баратели на азил, меѓу кои и деца, се затворени во кампови со контејнери во близина на границата, кои се оградени со висока бодликава жица, а каде ќе останат затворени додека не завршат процедурите за добивање азил, се наведува во соопштението на УНХЦР.