Понеделник, втор ден Велигден неработен за сите граѓани

Од:

Понеделник, 17 април, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

– Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 17 април 2017 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, се вели во соопштението од МТСП.

Во него Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Министерството за труд и социјална политика, претходно во петокот информира и дека 14 април 2017 година, Велики петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост