Владата на Сирија се повеќе ја губи контролата над земјата и не треба да се исклучува победа на опозицијата, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов.
Тој истакна дека режимот на претседателот Башар ал Асад се повеќе ја губи контролата над се поголем дел од земјата.
Богданов посочи и покрај тоа Русија ќе инсистира за придржување до Женевската конвенција и мирно решавање на конфликтите.
Тој наведе дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе прими делегација на сириската опозиција, предводена од лидерот на Народниот фронт за промени и ослободување, Кадри Џамил.