Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска е поразена од во третото квалификациско коло на ВТА турнирот во Биел Биене (Швајцарија) што се игра за награден фонд од 250.000 долари.
Таа загуби од првата носителка во квалификациите, Александра Саснович од Белорусија (108.место на ВТА листа) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:2.
Ѓорческа за настапот во трите квалификациски меча ќе добие 14 поени.
Нашата тенисерка на овој турнир ја очекува настап во конкуренција на двојки заедно со Анастасија Комардина од Русија.
Нивни противнички им се носителките број 4, Елисе Мертенс (Белгија) и Хетер Вотсон (Велика Нританија).