Архиепископот на Атина и цела Грција Јероним се откажа од користењето државен автомобил, пишува грчкиот весник „Етнос“.
Поглаварот на Грчката православна црква изјави дека не сака да користи државно возило, како и дека бара да се поништи одредбата со која се обврзува секој архиепископ да користи такво возило.
– Никогаш не сум користел, ниту сакам да користам државен автомобил на Министерството за административна реформа и е-Влада, се наведува во писмото на архиепископот.
Јероним истакнува дека одбивањето да се вози со државен автомобил се наметнува не само поради тешката економска состојба, во која се наоѓа земјата, но и поради фактот дека тоа ја менува улогата на архиепископот да го претставува народот и го претвора во носител на државна власт, исправен против општеството.