Папата Франциско нема да ја откаже посетата на Египет

Од:

Папата Франциско нема да ја откаже планираната посета на Египет кон крајот на месецот по вчерашните напади врз коптските цркви во Танта и во Александрија при што загинаа повеќе од 40 луѓе, изјави заменик-секретарот на Ватикан, Џовани Анџело Бечу.

Тој посочи дека папата досега посетил опасни региони, а египетските власти го уверија дека се преземени неопходните безбедносни мерки.

Посетата на папата Францико во Египет е на покана на претседателот Абдел Фатах ал Сиси и епископите на Католичката црква, коптскиот патријарх Тавадрос Втори и на Врховниот имам на Универзитетот Ал Азхар, шеик Ахемд ал Тајбет.

Папата Франциско предвидено е да го посети Египет на 28 и 29 април.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина