Бомбаш-самоубиец денеска изврши напад во внатрешноста на еден од најголемите воени центри за обука во Могадишу, при шти загинаа најмалку пет лица, изјави потполковник Махамед Абдирахаман.
– Бомбашот-самоубиец преправен како припадник на војската успеал да влезе во кампот за обука. Петмина војници загинаа, а има и повредени, но засега не го знаме точниот број, нагласи Абдирахман.
Претходно еден претставник на Владата на Сомалија, загина при експлозија на бомба подметната во неговиот автомобил во Могадишу, соопштија воените претставници.
Портпаролот на градоначалникот ма Могадишу наведе дека во експлозијата на бомбата, што била подметната под автомобилот, загинал владин претставник од понизок ранг.
Засега никој не ја презеде одговорноста.