ФОТО: Зелена и цветна оаза на булеварот Св. Климент Охридски

Од:

На местото на запуштениот просторот кај булеварот „Св. Климент Охридски“, спорти бензинската пумпа „Макпетрол“ на улицата „Орце Николов“, општина Центар направи нов мини парк.

Со новото хортикултурно уредување, центарци и сите жители кои поминуваат тука, имаат чувство дека се наоѓаат во мала оаза во урбан простор.

Паркот е уреден во модерен, геометриски стил со високи дрвја, со обликувана крошна во вид на квадрат, а под нив се насадени геометриски распоредени зимзелени растенија. Новото зелено катче во општина Центар е со површина од 650 м2, со засадени 420 садници од 9 различни видови. Дел од нив се зимзелени садници и грмушки, листопадни грмушки, а дел се цветни, со прекрасни розеви и бели цветови.

Просторот го красат 12 платани и 2 индиски јорговани, со крошна во вид на чадор, поставени на квадратни основа.

Бојата на паркот ќе биде секогаш зелена. На целиот дел е поставен тревен бусен, а за одржување и за поубав изглед на зеленилото, има автоматски систем за налевање. Дел од паркот ќе биде колоритен, со цветни и зимзелени грмушки, кои ја менуваат бојата во сезони, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар