Голманката на ЖРК Вардар Амадин Лејно ја има најдобрата одбрана на првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите.
Французинката во второто полувреме спречи намалување на предноста на нејзиниот тим откако ја одбрани контрата на противникот, а одбраната беше оценета како најдобра во изборот на ЕХФ ТВ.
Во „трите ѕвезди“ на оваа рунда се најдоа:
Кармен Мартон (Букурешт),
Ана Грос (Мец) и
Кристина Неагу (Будуќност).