Милвоки и Атланта се пласираа во плејофот

Од:

Во најквалитетната светска кошаркарска лига НБА ноќеска се одиграа седум натпревари по кои уште два тима се пласираа во плејофот.

Тимот на Милвоки забележа победа на гостувањето кај Филаделфија со 90:82 со што „Бакси“ стигнаа до 41-та победа сезонава и го осигураа своето место во разигрувањето.

Иако Атланта не играше, сепак резултатите од синиќешните средби и одеа во полза па „Хоукси“ се шестиот тим од Истокот кој ќе продолжи во разигрувањето.

Комплетни резултати од синоќешните дуели:

Шарлот – Бостон 114:122,

Орландо – Индијана 112:127,

Вашингтон – Мајами 103:106,

Сан Антонио – ЛА Клиперс 87:98,

Портланд – Јута 101:85 и

Голден Стејт – Њу Орлеанс 123:101.

Пласман во плејоф од Источна конференција досега обезбедија шест екипи: Кливленд, Бостон, Торонто, Вашингтон, Атланта и Милвоки.

Затоа пак на Западот веќе седум места се потполнети и тоа од: Голден Стејт, Сан Антонио, Хјустон, Јута, ЛА Клиперс, Оклахома и Менфис, додека за последното место слободно место се борат Портланд и Денвер.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот