Центар ги казни „Бруклински“ и „Че“ поради бучава

Од:

„Инспектор од општина Центар издаде решение ги казни бистро „Бруклински“ на ул.„Орце Николов“ и кафе „Че“, спроти Универзална сала. Во бистрото „Бруклински“ е констатирана двојно повисока бучава од дозволената, а мерењето во двата објекта е извршено со прецизен модуларен анализатор на звук.

Граѓаните се жалеа на бучавата бидејќи објектите се во станбена зона и мерењето на бучавата е извршено по 23:00 часот.

Два угостителски објекти на Боемската улица 1, „Ганза“ и „Канцеларија“, и покрај неколкуте опомени од страна на инспекција на општина Центар, не го испочитуваа законскиот услов за задолжителна изработка на елаборат за заштита на животната средина.

Доколку и по оваа опомена пред казна, сопствениците не ја испочитуваат законската обврска, ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски норми“, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар