Почнува „Авицена женската трка“

Од:

Околу 1.500 натпреварувачки се пријавени на „Авицена женската трка“, која ќе се одржи денеска во Градски парк. Трката почнува од Школка во 10 часот со аеробик загревање, а во 10:30 стартува натпреварот. Традиционално натпреварувачки ќе трчаат на патеката долга два километри.

Организатори на трката се Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје. „Авицена женската трка“ е дел од промотивните трки на „Виз Ер Скопски Маратон 2017“ и е влезена во календарот на Европската атлетска асоцијација.

Еден месец подоцна на програмата е „Виз Ер Скопскиot Маратон“, кој ќе се одржи на 9 мај и веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број земји низ светот.

– Пријавувањето за годишното издание го отворивме уште во октомври минатата година и ќе биде отворено до 30 април. Сите заинтересирани ќе можат да се пријават онлајн. До овој момент имаме примено преку 5.000 пријави од 43 земји од целиот свет, 400 од нив странци, што претставува зголемување за 20 отсто од истиот период минатата година, со што можеме да кажеме дека најверојатно ќе имаме рекорден број на учесници. Овој настан привлекува големо внимание кај домашната и странската популација и станува препознатлив спортско–туристички бренд во Македонија и пошироко, информира директорот на Скопски маратон Кире Синадиновски.

И оваа година на програмата се четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трката од пет километри.

Главниот спонзор „Виз Ер“ и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување авионски билети преку нивната официјална страница. Овие ваучери по успешна регистрација се праќаат на е-мејл адреса, која учесникот ја остава при процесот на регистрација.

Оваа година е најавено партнерство со „Парк Хотел и Спа“ кои ќе се погрижат натпреварувачките за „Авицена Женска трка“ да добијат подарок од „Фитнес и Спа“ и ексклузивно место каде ќе се сместат елитните тркачи за „Виз Ер Скопскиот маратон“.

Би можело да ве интересира

Поради меѓународна ноќна атлетска трка, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради меѓународна ноќна атлетска трка

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

Повеќе од 3000 учеснички ја истрчаа Авицена Женската трка

Посебен сообраќаен режим на булевар „Илинден“

Авицена Женска трка на 5 септември, пријавување до 30 август

Ана Ололовска