По два гола на Рибери и Левандовски во триумфот на Баерн над Борусија Дортмунд

Од:

Фудбалерите на Баерн забележаа победа против големиот ривал Борусија Дортмунд со 4-1 во дерби дуелот од 28.коло на германската Бундес лига.

На средбата кој се играше во Минхен, по два гола за домашниот тим ги постигнаа Франк Рибери (4 и 49.минута) и Роберт Левандовски (10 и 68) вториот од пенал. Почесниот гол за гостите од Дортмунд го постигна Рафаел Гуереро (20).

На средбите одиграни претходно, беа постигнати овие резултати: Келн – Борусија Менхенгладбах 2-3, Фрајбург – Мајнц 1-0, Хамбургер – Хофенхајм 2-1, Лајпциг – Баер Леверкузен 1-0, Шалке – Волфсбург 4-1 и Ајнтрахт – Вердер 2-2.

Последните две средби од ова коло, Херта – Аугсбург и Инголштат – Дармштат, ќе се играат утре.

Табела: аерн Минхен 68 бодови, Лајпциг 58, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Фрајбург 41, Келн 40, Херта 40, Борусија Менхенгладбах 39,…

Би можело да ве интересира

Пјонтек ја продолжува кариерата во „Херта“

Драган Поповски

Баерн не го победи Лајпциг, шампионот во Бундеслигата ќе се решава во последното коло

Хофенхајм погоди на крајот за победа против Ајнтрахт

Наум Локоски

Полицијата не отфрла ниту едно сценарио за нападот на автобусот на Борусија Дортмунд

Наум Локоски

Левандовски демантира дека потпишал за Баерн

Ана Ололовска