САД: Севернокорејскиот сателит е вон контрола

Од:

Севернокорејскиот сателит кој од вчера е во вселената е вон контрола и претставува ризик за сите други сателити во орбитата, јави Ен-Би-Си, повикувајќи се на изјави на американски официјални лица.

Ракетата која го носеше сателитот беше лансирана вчера и сите држави кои имаа можност да го следат објектот во вселената соопштија дека лансирањето било успешно.

Според Северна Кореја сателитот треба да служи за следење временски прилики.

Првата колизија меѓу два сателита се случи во 2009 година меѓу американскиот комуникациски сателит Иридиум лансиран во 1997 година и руски сателит лансиран 1993 година. Движењето на Квангмионгсонг-3 може да се следи во реално време наwww.n2yo.com.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија