Македонската компанија „Христови инженеринг“ утре на Меѓународната конвенција за квалитет на Бизнис инишатив дајрекшнс (БИД) во Париз ќе добие награда „Меѓународна ѕвезда за лидерство во квалитет (ISQL)“ во златната категорија.
Одлуката за доделување на наградата е донесена како резултат на истражување и анализа од страна на „ловци на квалитет“, лидери, претприемачи и експерти за квалитет, предводени од БИД, за да се оддаде признание на Христови инженеринг за лидерство, квалитет, иновација и извонредност.
Компании и организации од 119 земји учествуваа во изборот во текот на претходните десет месеци на конвенции одржани во Париз, Лондон, Мадрид, Женева, Франкфурт и Њујорк.