Димитриев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Претседателот на Владата, Емил Димитриев упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

– Годинешната прослава е единаесеттата прослава на националниот празник на Ромите во Република Македонија, што јасно говори за континуитетот и почитта која Република Македонија ја негува кон Вашата заедница. Тоа јасно се изразува преку одбележувањето на овој празник, но и преку редица на други мерки и владини проекти во многу области кои се од значење за подигнување на квалитетот на животот во ромските средини, се вели во честитката.

Годината која е зад нас, се наведува во честитката, претставува година во која продолжи владината посветеност во делот на образованието, културата, поддршката на ромските невладини организации и центри за медијација, поддршката за вработување и почнување сопствен бизнис, поддршка за подигнување на свеста за грижа за сопственото здравје, за правата и можностите во делот на социјалната политика, правото, културата и уште многу други полиња од значење за Ромите.

– Убеден сум дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина како неизоставен дел од грижата на Република Македонија и како продолжение на концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам убави празнични денови, многу радост и песна во Вашите домови, многу здравје и љубов во Вашите семејства и уште долги години да го прославуваме 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски