Ракометарките на ЦСМ Букурешт забележаа победа над Ференцварош во првиот натпревар од четвртфиналната рунда на Лигата на шампионите во женска конкуренција.
На средбата одиграна синоќа во Букурешт, романскиот тим славеше победа со пет гола разлика 30-25 со што создаде солидна предност пред реванш дуелот кој ќе се игра на 15 парил во Унгарија.
Останатите три четвртфинални натпревари ќе се играат утре (недела).
Во терминот од 17 часот покрај дуелот во Данска каде кај Митјиланд ќе гостува македонскиот шампион Вардар, во истиот термин ќе играат и Мец и Ѓер.
Средбата Будуќност – Ларвик ќе се игра во терминот од 19 часот.
Реванш четвртфиналните натпревраи на програмата се на 15 април.