СДСМ: Иванов штити криминални платформи

Од:

„Ѓорге Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта, а не да штити криминални платформи за лични и партиски цели.

Единствената платформа што претставува закана за граѓаните и државата е нафтената криминална платформа на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Целата домашна и меѓународна јавност знае дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Постои легитино парламентарно мнозинство од 67 пратеници и демократските процеси мора да продолжат.

Тие се едиствено решение против расцепите, поделбите, бинационалната држава, кон што водат политиките на Груевски што ги штити Иванов.

Потребен е здрав разум и таа порака не случајно ја испрати меѓународната заедница.

Иванов не смее да ги загрозува државните интереси. Тоа не смеат да го прават ни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинската волја ќе се испочитува. Согласно Уставот, Деловникот и законите Македонија ќе добие легитимен претседател на Собранието, функционално Собрание и нова реформска Влада на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски