Австралискиот медиумски надѕорен орган почна истрага за лажниот телефонски повик на радиото „Тудеј еф-ем“ од Сиднеј, што доведе до смртта на медицинската сестра во Лондон, веројатно при самоубиство.
Истрагата доаѓа откако радио водителите Мел Грејг и Мајкл Крисчн изјавија дека не носат одговорност за смртта на медицинската сестра Хасинта Салдања.
Двајцата радио водители ја префрлија одговорноста врз раководството на „Тудеј еф-ем“ и изјавија дека од нив не зависело одобрувањето на емитувањето на лажниот телефонски повик, со цел да се добијат информации за бремената Кејт Мидлтон, војвотка од Кембриџ.
Телото на Салдања беше откриено три дена по скандалот.