Победи за Чикаго и Индијана во НБА лигата

Од:

Екипите на Чикаго и на Индијана постигнаа победи на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата.

Со овие триумфи и двете екипи имаат подобар биланс за една победа од Мајами во борбата за место во плеј офот.

Чикаго како гостин ја победи Филаделфија, а најдобар на теренот беше Џими Батлер со „трипл-дабл“ учинок 19 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Индијана до триумфот стигна благодарение на серијата од 13-0 во третиот период.

Резултати: Филаделфија – Чикаго 90:102, Орландо – Бруклин 115:107, Индијана – Милвоки 104:89, Њујорк – Вашингтон 103:106, Атланта – Бостон 123:116 и Портланд – Минесота 105:98.

Пласман Источна конференција: Кливленд 51-27 (победи-порази), Бостон 50-29, Торонто 48-31, Вашингтон 48-31, Атланта 40-38, Милвоки 40-39, Чикаго 39-40, Индијана 39-40, Мајами 38-40,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 65-14, Сан Антонио 60-18, Хјустон 53-25, Јута 48-30, ЛА Клиперс 48-31, Оклахома Сити 45-33, Мемфис 42-37, Портланд 39-40, Денвер 37-41,…

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот