Довербата во рускиот претседател Владимир Путин бележи пад од 53,1 на 49,6 проценти, но тој и понатаму има поддршка од над 82 отсто од граѓаните на Русија, покажуваат резултатите од анкетата на Рускиот центар за истражување на јавното мислење.
Меѓу тројцата политичари на кои најмногу им се верува покрај Путин се премиерот Дмитриј Медведев со 17,6 отсто и министерот за одбрана Сергеј Шојгу – 17,3 проценти.
Анкетата е спроведена од 27 до втори април и покажува дека Путин го поддржуваат 82,7 отсто од граѓаните, Медведев – 54,8, а руската Влада има поддршка од 61,5 проценти.
Во анкетата испитани се 600 граѓани од нахмалку 80 региони во Русија.