СДСМ: И Извештајот на Светска банка упатува дека е итно потребна новата Влада во Македонија

Од:

„Извештајот на Светска Банка потврдува зошто за економијата и за граѓаните е итно потребно да се овозможи избор на новата реформска Влада.

Светска банка проектира најнизок раст на економијата за Македонија од земјите во регионот од само 2.8% во 2017.

И Светска банка како и другите меѓународни финансиски институции посочува дека итно е потребна фискална консолидација и нормалзирање на нивото на јавен долг.

Ваквата влошена состојба во економијата меѓудругото е резултат на одолговлекувањето на политичката криза од страна на Ѓорѓе Иванов кој одбива да ја исполни својата уставна обврска да го даде мандатот на декларираното мнозинство од 67 пратеници и од блокадата на Парламентот од страна на маратонските реплики и контра реплики на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои со ова се обидуваат да го штитат Никола Груевски од оговорност за криминалот на директна штета на граѓаните и на целокупната економија.

Над 700.000 граѓани гласаа за промени, нивната мнозинска волја мора да биде испочитувана! Македонија и економијата мора да се движат напред! Ќе има нов претседател на Собранието и нова реформска Влада, а за сите злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје