Адеми: Го кршите Деловникот, Талат Џафери ќе биде спикер

Од:

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се однесуваат одговорно бидејќи го кршат Деловникот.

– Според Деловникот во било кое време Собранието има право да донесе одлука да се премине на друга точка. Вие не сакате да го слушате добронамерниот совет дека го кршите Деловникот, рече Адеми.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ја покажува својата нервоза бидејќи знаат дека не се во право.

– Правото на избор на претседател го имаат пратениците кои поднесоа иницијатива. Ние сите го предложивме Талат Џафери за собраниски спикер. Не се секирајте, дебата ќе има. Можеби нема да стане претседател на Собранието за една недела, но ќе биде за 10 дена, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он