Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Битола на прес конференцијата на ЛДП Битола

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на ЛДП Битола.

„Приврзокот на СДСМ, ЛДП повторно по насоките од централата на СДСМ, се обидува да ја дефокусира јавноста од Тиранската платформа и елементите во неа кои треба да ја разнебитат Македонија!
И покрај сите нивни празни прес конференции, јавноста не потпаѓа под некрофилните политики кои битолската опозиција се обидува да им ги сервира, со цел да дојде на власт.

Битола е на нозе! Македонија се буди!
Токму тоа е она што ги плаши нашите опозиционери и ги поттикнува да излегуваат на пресови за дневно политички поени.

Почитувани, апсурдно е ЛДП сателит партијата на СДСМ, во чие време високото образование беше привилегија само на подобро ситуираните граѓани а единствената образовна политика што ја спроведоа за Битола беше што ги научија битолчани што се пирамидални штедилници и стечај, да зборуваат за образованието и образовните процеси во Битола!

Повиците кои илјадници битолчани секојдневно ги упатуваат кон вас почитувани опозиционери за откажување од Тиранската платформа се далеку посилни од сите обиди за дефокусирање на јавноста“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите