Македонскиот мултимедијален уметник Игор Јосифов во рамките на неговото претставување во уметничката галерија „Дефибрилатор“ во Чикаго, САД, по првпат ќе го изведе перформансот „Untie“.
Јосифов од 19 до 29 април, пред американската публика ќе го претстави мултимедијалниот проект „Континуум“, кој премиерно беше прикажан во Скопје на 14 декември 2016 година.
Десетдневното претставување на Јосифов во Чикаго ќе значи негово секојдневно ангажирање по десет часа, каде што присутните ќе може да се вклучат во интеракција со уметникот и да партиципираат во неговото градење „Континуум“.
– „Континуум“ е уметничка творба која го заокружува негово десетгодишно истражување и дружење со оганот како алатка, но не застанува тука. Како што и самото име кажува, „Континуум“ постојано се надоградува и продолжува. Овој мултимедијален проект, а набљудувачите го чувствуваат со сите свои сетила. Употребата на оган е само доказ дека огнот е во нас, а преку огнената рефлексија се трансформира во различни облици и форми, се наведува за проектот.
Покрај користење на оганот како негов медиум, Јосифов изработува и дела од керамика и стакло.
Инаку, проектот „Континуум“ по премиерата во Скопје, беше претставена и во неколку градови во Македонија (Тетово, Кичево и Битола) со цел домашната публика подобро да го запознае концептот на работа и уметничкото творештво на Игор.