Документирање на старата железничка линија Куманово-Крива Паланка-Деве Баир

Од:

Локалната установа Градски музеј Крива Паланка периодов активно работи на истражување и документирање на старата железничка линија Куманово – Кр. Паланка – Деве Баир.

Во тек е втората експедиција која работи на делот од Деве Баир до Крива Паланка, истражувајќи и документирајќи ги објектите изградени на старата траса на железницата пред седум децении.

– Таа линија е напуштена, се работи на нова траса, така што ние заедно со колегите од Република Бугарија, за потребите на архивите на Градскиот музеј и заради потребите на историјата на Крива Паланка ги документираме тогаш изградените објекти, започнати или изградени тунели, насипи, пропусти и објекти на делница од станица Жидилово преку главна станица Крива Паланка до станица Гиновци до село Псача, информира директорот на ЛУ Градски мувеј, Крива Паланка Драган Величковски.

Овие објекти, според него, кои егзистираат повеќе од 70 години на територијата на општината, можеби еден ден ќе станат и културно-историско наследство.

– Лани истражувавме на реон до граничен тунел во село Узем до Жидилово, годинава работиме до село Псача, а се надевам на есен, кога вегетацијата ќе го овозможи тоа, ќе продолжиме до село Опила , до устието на Крива Река каде влегува во кањонот и пругата преминува во кратовскиот дел, додаде Величковски.

Тимот кој работи на истражувањата е мешовит, освен Величковски од кривопалнечкиот музеј е вклучен и Александар Маџовски, историчар, додека од Бугарија, Ангел Џонев, историчар од Регионален историски музеј, Ќустендил и претставник од „Клуб на љубители на железницата од Софија“, Република Бугарија.

– Истражувањата се на инцијатива на колегите од Бугарија, кои се пасионирани љубители на железницата, но наш бенефит ќе биде што ќе се документира поголем дел од делницата, а колегите од Софија ни отстапија поголем дел техничка документација за железницата пронајдена во архивите на Република Бугарија, потенцира Величковски.

Објектите се градени во Втората светска војна. Од документирањето на целатa траса во Кривопаланечко ќе биде изработен стручен текст кој ќе се објави во „Славишки зборник 4“.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи