СДСМ: Сценаријата на Груевски нема да успеат, доаѓа нова Влада, а со неа и правда за сите

Од:

„Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегнатите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија.

Најостро го осудуваме физичкиот напад врз пратеникот Максим Димитриевски од, како што се информира, неколкумина полициски службеници, облечени во цивилна облека.

Бараме инстистуциите веднаш да постапат и да има одговорност за нарачателите и извршителите на инцидентот.

Говорот на омраза и запаливата реторика на Никола Груевски за непостоечки теми поттикнува и разгорува нетрпение со цел нарушување на спокојот на граѓаните за заштита на лични криминални интереси.

Но против сценаријата на Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ се над 700.000 граѓани кои избраа заедништво и промени.

Ги повикуваме граѓаните, како и досега, да не подлегнуваат на провокациите на режимот во заминување. Многу брзо ќе има нова реформска Влада и одговорност за сите злодела“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он