Претставување на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“ на Саемот на книгата

Од:

Во рамки на Саемот на книгата што се одржува на Скопски саем денеска ќе биде промовирана програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ “.

Организиратори на промоцијата се македонското Министерство за култура, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Струшки вечери на поезијата, Македонската асоцијација на издавачи, канцелариите на Креативна Европа на Бугарија и Словенија и издавачката куќа „Белетрина“ од Љубљана.

На промоцијата ќе се обрати заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Ќе бидат претставени успесите на бугарскиот, словенечкиот и македонскиот издавачки сектор во користењето на механизмите на ЕУ: „Литературни преводи“ и „Платформи“.

– Претставниците на македонските издавачки куќи поддржани од категоријата „Литературни преводи“ се поканети на дискусија за актуелните теми кои се однесуваат на овие проекти, како што се: бенефитот од проектите за категоријата „Литературни преводи“, забелешки и мислења за овој механизам на ЕУ, проблеми со кои се соочуваат издавачите при преводот на дела од „малите“ јазици и преводот на дела на „малите јазици“, „Европска награда за литература“, …., соопшти Министерството за култура.

На настанот ќе биде претставена европската поетска платформа „Версополис“ поддржана од категоријата „Платформи“ на „Креативна Европа – потпрограма Култура“, како еден од најуспешните проекти кој се спроведува на европско ниво.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска