Почнуваат Деновите на образование и саемот на туризам

Од:

На Скопски саем, каде што е во тек 29. Саем на книгата, од денеска до 8 април ќе се одржуваат и 20. Денови на образование и кариера – во втората хала, и седмиот саем на туризам „Скопје травел маркет“ – во третата саемска хала.

Како и во минатите години, на Деновите на образование и кариера ќе учествуваат високообразовни установи, домашни и странски факултети, кои ќе ги претстават програмите за студии, информации за стручно усовршување, преквалификации, можностите за вработување и развој на кариерата итн. Од странските учесници ќе се претстават два универзитета од Словенија – од Марибор и од Нова Горица.

На меѓународниот саем за туризам ќе учествуваат туристички агенции и тур-оператори, хотели од Македонија, општините, компании за производство на хотелска опрема… а посетителите ќе може да се информираат за понуди и можности за патувања.

И оваа година покровител е Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија, а партнер Стопанската комора за туризам. Традиционално, Република Турција ќе учествува со свој штанд, а странски изложувачи ќе бидат и општините Тиват, Бујановац и Врање.

Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети. Работното време е од 10 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Меѓународен саем „Органска трпеза” во Куманово

А1он

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Ана Ололовска