Поради влошената хидролошка состојба на подрачјето и неможноста да се акумулираат потребните количини вода во акумулацијата Калиманци, Водостопанство на Македонија подружница Брегалница од Кочани направи рестрикција на планот за наводнување за престојната пролетна сеидба.
Директорот на Водостопанство од Кочани, Николчо Гоцев изјави дека со планот пролетва планирале под ориз да наводнуваат 5.100 хектари во атарите на кочанско, штипско и светиниколско. Поради лошата хидролошка состојба, посочи, принудени сме планот да го намалиме за 2.400 хектари односно да обезбедиме вода за наводнување на 2.733 хектари под ориз.
– Во акумулацијата Калиманци моментно се акумулирани 65 милиони метри куубни вода од кои 35 милиони метри кубни се акомулирана вода од минатата година. од месец септември 2016 година (кога завраши наводнителната сезона) до денес се акомулирани само 30 милиони метри кубни вода, рече Гоцев.
Бидејќи се работи за екстремно сушна година најголема рестрикција на оризовите површини имa во повеќе населени места во кочанско и штипско. Доколку не се подобри хидролошката состојба Гоцев најави рестрикција на водата за наводнување и кај останатите земјоделски култури во регионот.